Од денеска и во наредните два дена Русите излегуваат на гласање за избор на претседател кој ќе ја води земјата во следните шест години.
За прв пат претседателот на Руската Федерација ќе биде биран и од жителите на Донбас.
Кандидатите за претседател на Руската Федерација се Леонид Слуцки (од Либерално-демократската партија на Русија), Николај Харитонов (Комунистичка партија на Руската Федерација), Владислав Даванков (Нови луѓе) и актуелниот шеф на државата Владимир Путин ( независна). Комисијата ќе ги утврди резултатите од претседателските избори најдоцна до 28 март.
Владимир Путин(71) е речиси сигурно дека ќе победи, продолжувајќи го своето владеење за уште шест години, откако на кој било сериозен предизвикувач му беше забрането да се кандидира против него поради бруталното задушување на неистомислениците и независните медиуми, пишува Радио слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик.




