Претседателот на комитетот за меѓународни прашања на Државната дума на Русија, Леонид Слуцки изјави дека американскиот претседател Џо Бајден „всушност придонел за разгорување на крвавиот украински конфликт“, пренесе ТАСС.
„Во својство на потпретседател во администрацијата на Барак Обама, тој вложи многу напор во создавањето и развојот на антирускиот проект во Украина“, тврди Слуцки во објавата на Телеграм.
„Па, штом дојде на власт, тој всушност придонесе за отпочнување на крвавиот украински конфликт, предизвикувајќи ја најголемата безбедносна криза во светот“, продолжува тој.
Слуцки додаде дека Бајден ќе остане запишан во историјата како „главен спонзор на терористичкиот режим на киевската хунта“.
Тој исто така рече дека иако Бајден се откажа од својата кандидатура за реизбор, она што го изненади е фактот дека „човек со такви здравствени проблеми сè уште може да ја води најголемата нуклеарна сила“. (Њуз.бг)