Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја напуштил функцијата и ја заминал од земјата откако дал наредба за мирно предавање на власта.
Во соопштението кое го пренесува Ројтерс, руското МНР не наведува каде во моментов би можел да се наоѓа Асад и додава дека Русија не учествувала во разговорите околу неговото заминување од Сирија.
Во соопштението се додава оти Москва е крајно загрижена од настаните во Сирија и ги повика двете страни да се воздржат од насилство и да ги решат прашањата околу власта во земјата со политички средства.„Во тој поглед, Руската Федерација е во контакт со сите сириски опозициски групи“, додава Министерството за надворешни работи на Русија.
Се наведува дека руските воени бази во Сирија се во состојба на готовност, но дека во моментов нема сериозна закана за нив.





