Фудбалерот Вејн Руни (31) беше запрен од полицијата во петокот поради скршеното светло на автомобилот, а потоа беше констатирано дека тој го управувал своето возило во алкохолизирана состојба. Но тоа, и ноќта мината во затвор се само вовед во проблемите на популарниот фудбалер. Поголемиот доаѓа откако се разбра дека со него била и Лаура Симпсон, која исто била пијана и која седела на совозачкото седиште. Со неа очигледно Руни се забавувал во целата таа вечер.




И покрај тоа што Лаура кога ја уапсиле тврдела дека само се „бакнала и прегрнала“ со Руни и дека фудбалерот ја запрашал „колкава е големината на нејзините гради“, сексипилната бринета подоцна признала дека можело да има нешто повеќе доколку полицијата не ги запрела.


Сèто ова беше откриено и од бремената сопруга на Вејн Руни, Колин (31), која долетала од Мајами каде со нивните три деца била на одмор. Поради понижувањето, таа со своите три сина веднаш заминала да живее со своите родители. Колин, наводно, веќе размислува за развод, бидејќи се сомнева дека фудбалерот ја изневерува постојано, а ако се реши на таков чекор, може да добие околу 70 милиони фунти.