Македонската Комисија за заштита на конкуренцијата го одобри преземањето на „Линкс рисорсис“ од „Синтрал Ејжа миталс“ за 402,5 милиони долари, со што рудникот „Саса“ од Македонска Каменица ќе добие нов сопственик со комплетирањето на трансакцијата на 6 ноември.
Компанијата „Синтрал Ејжа миталс“ е основана во 2005 година и со седиште во Лондон, а поседува два рудника за бакар во Казахстан и еден во Чиле. „Линкс рисорсис“, пак, е приватна компанија регистрирана на Бермудски Острови во јуни 2015 година заради купување на „Саса“ од „Солвеј“.
„Саса“ е еден од најголемите оперативни рудници за цинк, за олово и за сребро во Европа, кој минатата година произведе 28.955 тони концентрат на олово и 22.515 тони концентрат на цинк.





