Рубио: Средба Трамп-Путин, ако има напредок за мир во Украина

Евентуална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин „во голема мера ќе зависи од тоа дали можеме да постигнеме одреден напредок во завршувањето на војната во Украина“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио, цитиран од Ројтерс.



Тој посочи дека разговарал за таква средба кога се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот во Саудиска Арабија, порачувајќи им на Лавров и руските претставници:

„Мислам дали и кога ќе се случи тој состанок во голема мера ќе зависи од тоа дали можеме да постигнеме некаков напредок за завршување на војната во Украина“, истакна Рубио.

По разговорите во Саудиска Арабија, Трамп, кој разговараше телефонски со Путин минатата недела, рече дека најверојатно ќе се сретне со Путин пред крајот на месецот.

Рубио одговорил: „Не го знам моментот“.

Тој истакна дека Трамп сакал да знае дали Русија е сериозна за ставање крај на војната во Украина, предизвикана од нејзината инвазија на нејзиниот сосед пред три години.