РСЕ: 11 дена по инвазијата, Москва ѝ предоложила на Украина да капитулира

Во „Договор за решавање на ситуацијата во Украина и неутралноста на Украина“ кој датира од 7 март 2022 година, односно 11 дена откако Русија ја започна инвазијата и една недела по почетокот на разговорите, Русија ѝ предложила на Украина да -капитулира, дознава Радио слободна Европа.



„На почетокот на мировните разговори кои започнаа неколку дена откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, Москва предложила договор чии еднострани услови значеа предавање на Киев.

До овие сознанија дојде истражувачката единица на рускиот сервис на Радио Слободна Европа, Система (Systema).

Според нацртот документот во кој имаше увид Система, прифаќањето на предлогот би ја оставило Украина неутрална нација со мала армија „без заби“, без можност за заштита од земјите на НАТО и без шанси да ја врати контролата врз Крим или Донбас, таа би морала да ја признае независноста на регионите Доњецк и Луганск во целост, вклучувајќи ги и големите делови што сè уште беа под контрола на Киев во тоа време.

Разговорите започнале на 28 февруари 2022 година, во време кога руските сили зазедоа делови од територијата на југ, исток и север од Украина, каде што напредуваа блиску до Киев, откако ја поминаа границата од Русија и Белорусија. Некои сесии се одржуваа лично, а други онлајн.

Процесот заврши кон крајот на април истата година, потсетува РСЕ.