Легендарниот Рони Вуд (70) од Ролинг Стоунс во мај, беше на рутински преглед пред турнејата при што му е откриен рак на белите дробови. Тогаш тој беше подложен на итна операција со која му е отстранет  дел од белите дробови.



„Кога докторот ми кажа што се случува, јас бев решен и му реков: Земи го тоа од мене“ изјави Рони дека година пред дијагнозата за рак на белите дробови ги отфрлил цигарите.

„Искрено, јас не сум дури ни изненаден иако не сум бил на преглед на белите дробови од 2002. година“ вели музичарот.

Една недела пред операцијата лекарите извршиле детални испитувања. За тоа време Рони и неговата сопруга Сали, која му беше најголема поддршка, живееле во неизвесност.

„Бев подготвен за најлошото, а од друга страна се надевав на најдобро“ рече тој.
Вуд одлучи да не оди на хемотерапија и кога ракот би се ширел бидејќи тие не сакаат музичарот да ја изгуби косата.

„Им реков: “Ова коса не оди нигде”. Имав верба и неколку дена подоцна ми беше кажано дека ракот не се проширил“ раскажува музичарот.

Сега Рони се чувствува добро, а здравствени прегледи прави на секои три месеци. Тој рече дека се чувствува како да му е дадена втора шанса.

„Јас сум проклето среќен човек. Имам добар ангел чувар“ рече музичарот кој е пресреќен поради тоа што може да продолжи да ужива во животот со 39 годишната сопруга и близнаците Грацие и Алис кои се родени минатата година.

„Сакам да го трошам времето со нив. Одлично ми оди менување на пелени“ открива Вуд.