Идниот играч на Манчестер Јунајтед е уапсен во Лос Анџелес и ќе биде изведен пред суд на 2. октомври. На 2 јули, непосредно пред да потпише за клубот од Олд Трафорд фудбалерот организирал забава во својот дом во Беверли Хилс на која музиката била прегласна. На пријава на соседите полицајците од LAPD дури пет пати тропале на вратата на Белгиецот и барале играчот да го намали звукот, но тој не им придавал внимание. Како резултат на тоа, при шестото доаѓање на униформираните полицајци, белгискиот напаѓач бил приведен во најблиската станица.
При приведувањето, според наредникот Џеј Ким, Ромелу Лукаку кој пред неколку дена потпиша за премин од Евертон во Манчестер Јунајтед за 75 милиони фунти, не давал отпор и соодветно на тоа, немало потреба од употреба на сила и користење лисици.






