Сопственикот на Челзи Роман Абрамович се разведува од сопругата Дарија Жукова, а сето е потврдено од соопштението до јавноста кое го испратија заеднички.



„По 10 години заеднички живот решевме да се разделиме, но остануваме блиски пријатели, родители на две прекрасни деца и партнери во проектите кои ги започнавме и ги развиваме заедно. Имаме намера заедно да ги одгледуваме нашите деца, но и да продолжиме со заедничката работа во Музејот за современа уметност во Москва и културниот центар во Санкт Петербург“, објавија Абромович и неговата сопруга во заедничката изјава.

Роман и Даша се запознава во 2005. година, а три години подоцна се венчаа на тајна церемонија. Плод на нивната љубов се децата Арон и Леа. Тоа беше брак 3 за 50 годишниот руски милијаредер кој се разведе од својата втора сопруга во 2007. година. Се проценува дека Роман и Дарија поседуваат извонредна приватна колекција од уметнички дела. Всушност 36 годишната Жукова е човекот кој го запали олигархот за уметноста. Поранешната манекенка и девојка на тенисерот Марат Сафин е член на бордот на директори на музејот „Метрополитен“ во Њујорк.