Ракометниот клуб Алкалоид објави дека одлуката на ЕХФ со која клубот од Автокоманда стана победник на Европскиот куп е победа за цела Македонија.
Хероите на теренот дојдоа до врвот со страст, напорна тимска работа, пожртвуваност и на непоколебливата верба, е пораката од Автокоманда.
,,🇲🇰🏆🥇РК АЛКАЛОИД Е ОСВОЈУВАЧ НА ЕВРОПСКИОТ КУП НА ЕХФ!
Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!
По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини.
По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10 : 0 голови и од 2 : 0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!
Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба!🙌💪🙏
Ви благодариме на сите за поддршката!💙🤍👏”, стои во соопштението на РК Алкалоид.






