Додека во Лондон се надеваат дека Ријад Марез ќе ја зголеми конкуренцијата во Арсенал, а во Барселона на него гледаат како сериозна поддршка за триото МСН, одеднаш се појавува Рома и станува прв фаворит за услугите на Алжирецот. Марез не престанал да зборува дека му е време да се раздели од Лестер, а и тренерот Крег Шекспир призна дека ги разгледуваат понудите за напаѓачот.



Рома наводно веќе нуди 33 милиони евра и веднаш е фаворит за најдобриот играч во Англија за минатата година.