Ристовски по ракометниот скандал: ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија ќе останат без дејност спорт (ВИДЕО)

Женските ракометни тимови на Скопје и Гевгелија вчера предизвикаа огромен скандал и срам за македонскиот спорт. Двете екипи сакаа да го загубат натпреварот што се играше во рамки на полуфиналната група во Купот на Македонија, па си постигнуваа автоголови, правеа намерни грешки и шутираа неколку метри над или покрај противничкиот гол. Министерот за спорт Борко Ристовски најави сериозни санкции за двата тима.



Женскиот ракомет во Македонија оддамна не привлекува големо внимание, особено оној од домашните натпреварување се до вчерашната пресметка на Скопје и Гевгелија во рамки на полуфиналето во Купот во рамки на групата В. Двата тима очигледно не сакаа да победат, па правеа сè за да не постигнат гол, голманките се тргаа од голот па дури и си постигнуваа автоголови. Токму поради овие немили сцени јавноста остана вчудоневидена од она што можеше да го види на стримот на Ракометната федерација на Македонија.

Целиот текст и видеото погледнете ги тука.