Порториканскиот музичар Рики Мартин (45) е веројатно најславниот латино пејач во светот, со кариера која трае неколку децении и со непроценливо, според тежината, богатство, создадено од многуте хитови, албуми, концерти и турнеи.
И затоа веројатно сите останаа изненадени со објавување на слика на Инстаграм од која може да се види дека летот од Мајами до Сан Хуан, во еден правец, чини повеќе од 2.200 долари. И секако со коментарот, кој доби димензии на жалба, иако најголемиот дел од неговите обожаватели, па и тие што не се, го поддржаа.

„Ова не е во ред, 2.249 долари за лет од Мајами до Сан Хуан. Аман, во услови на хуманитарна криза, треба да се воведе закон“, се пожали пејачот на социјалните мрежи. Рики Мартин го следат речиси 9 милиони фанови на Инстаграм.




