Австралиецот Даниел Рикардо победи во 8. трка од СП во Формула 1 затоа што не учествуваше во ниту еден од повеќето инциденти на Големата награда на Азербејџан, а и затоа што имаше прибраност да ја искористи неочекуваната шанса. На крајот 27. годишниот член на Ред Бул на цртата мина пред Ботас и Строл, а по нив беа Себастијан Фетел и Луис Хамилтон кои беа дел од бизарна ситуација која делува дека ја предизвика Британецот, а Германецот само ја прифати понудата за неспортскиот дуел. Хамилтон во еден миг застана, Фетел потоа не пропушти да оди намерно во него, а сето предизвика прекин по кој кандитатите за титулата останаа без подиум.



https://youtu.be/5iATqB6o7jk

Себастијан Фетел води во генералниот поредок во Ф-1 шампионатот со 153 бодови и со 14 повеќе од Луис Хамилтон. Следната трка е во австриски Спилеберг на 9 јули.