Менопаузата е период од животот на жената кога таа престанува да има менструален циклус. Во минатото овој период почнувал по 50-тата година од животот на жената, но денес голем бројот многу млади жени влегуваат во овој циклус. Менопаузата претставува природен биолошки процес кога жената завршува со плодноста (овулации), но, сепак, може да остане здрава, витална и сексуално активна.
Симптоми
Кај голем дел од жените се јавуваат топлотни бранови, емоционална нестабилност (раздразливост), несоница, намалена концентрација, виталност, чувство на депресија. Доколку имате некој од овие симптоми, не двоумете и се побарајте помош од вашиот гинеколог. Тој може да ви препорача да ги смените животните навики или да ве советува да земете хормонска заместителна терапија.
Кога на гинеколог?




Тоа што влегувате во менопауза не значи дека не треба да продолжите со редовните посети кај вашиот гинеколог. Особено побарајте совет доколку имате крвавење во перименопаузата и менопаузата. Во периодот на менопауза јајчниците лачат естрогени, но има недостиг на прогестерон – хормони кои го регулираат нормалниот менструален циклус и плодноста. Кога нивото на естроген е ниско, се зголемува ризикот од одредени медицински состојби како што се кардиоваскуларните заболувања, остеопорозата, уринарна инконтиненција, намалување на желбата за сексуална активност. Кога нивото на естроген е високо зголемена е појавата на нерегулирани крвавења кои одат со хисто-патолошки промени на енометриумот-хиперплазии. Запомнете, секое крвавење по менопаузата е абнормално и истото треба да го пријавите кај вашиот гинеколог.