Кастриот Реџепи од коалицијата „Вреди“ оценува дека позицијата прв човек на Собранието треба да им припадне на Албанците. Реџепи вели дека очекува да се почитува непишаното правило една од трите главни функции во државата да ја води албански кадар. На овој начин, според Реџепи, ќе се демантираат погледите дека ВМРО е противалбанска партија. Тој ова го изјави во интервју за ТВ Алсат.
„Тоа е еден вид традиција, непишано правило, што е воспоставено во согласност со мултиетничката специфичност на државата и без да се земат предвид бројките, со кои располага една владина коалиција, во случајов оние кои го преземаат мандатот. Бидејќи, мандатарот е само еден по секои избори, за да покажат дека една од трите главни позиции во државата им припаѓа на Албанците, како втор државотворен народ што ја формира државата и да се отслика реалноста. Треба да ја демантираат од ВМРО ДПМНЕ целата перцепција, која е создадена, дека се противалбанска партија на тој начин што ќе покажат дека ним не им пречи Собранието да го раководи албански кадар. Верувам дека ова ќе се оствари.“ – нагласи Кастриот Реџепи од Вреди.





