Во Хаифа бевме одлични цел натпревар. Не бевме заминале да се браниме, ни да се плашиме што ни даде агресивност, а таа донесе и слобода и крилја, па освен голот на Пандев во 73 минута имавме и други акции, шанси, па и поништени голови. На отворената наша игра, во која неколку линии, пред се одбраната и средината беа концентрирани, домаќинот немаше одговор. Имаа Израелците свои шанси, главно со удари од далечина, но Столе Димитриевски беше стабилен и ги откажа, а потоа ние ги отворивме, ги баравме пукнатините и успеавме да се закануваме. Голот дојде по акција на Елмас кој перфектно ја лобуваше одбраната на Израел, а капитенот како во најдобрите времиња, со одличен штоп и со неодбранлив удар. Тоа беше само еден момент на вештина на црвено жолтите кои денеска имаа и многу други светли мигови, па остана впечатокот дека можевме и поубедливо, иако и ова е солидан  компензација за сите несреќни пропусти во тековните квалификации. Македонија го совлада Израел со 1-0, тоа е прв пат во меѓусебните, ова е и втор триумф во овие квалификации, па сега постои шанса за скок од петтото на четвртото место. Но за тоа ќе треба да ја совладаме Албанија во вторник во Струмица.



https://youtu.be/aF3rEwjHDwQ

Освен мечот на Израел и Македонија денеска во вечерниот термин во нашата група се одигра и средбата за првото место меѓу Шпанија и Италија, заврши со 3-0, а порано беше дуелот на Албанија и Лихтенштајн кој е затворен со резултат 2-0.