Ремито со Валенсија (2-2) на Сантијаго Бернабе ги разочара навивачите на Реал Мадрид навикнати само на победи, но тие во тој миг не знаеја дека нивните миленици соборија рекорд и тоа не само во Шпанија туку и во другите големи лиги (вкупно 5) со тоа што постигнале голови или барем гол на 70 натревари по ред. Серијата беше започната минатата година во ова време и ги опфаќа сите натпреварувања во кои играат „Кралевите“, па и пријателските.



Овој пат низата ја продолжи Асенсио кој постигна убави голови против Лос Че кои сепак не го донесоа очекуваниот триумф по 4 извонрени победи со Манчестер Јунајтед (2-1), Барселона (3-1 и 2-0) и со Ла Коруња (3-0).

https://youtu.be/fzagcQoiae4