Сите осум дуели од ЛШ вечерва беа дел од второто коло, а во секоја од четирите групи во кои се играше имаше по некој атрактивен дуел. Така во Е составот Ливерпул ремизира кај Спартак во Москва со 1-1, а Севиља беше убедлива со Марибор со 3-0. Во Ф Манчестер Сити славеше со Шахтјор 2-0, а Наполи со Феенорд 3-1. Во седмата конкуренција турско-германскиот меч на Бешикташ и Лајпциг им припадна на домаќините со 2-0, а француско-португалскиот во Монако на гостинот Порто со 3-0. Во најпредизвикувачкиот натпревар вечерва во Дортмунд: Борусија- Реал Мадрид 1-3. А во вториот во оваа група 8 меѓу Апоел и Тотенхем конечниот резултат е 0-3.
Утре се играат нови 8 средби од групите А, Б, Ц и Д во Лигата на фудбалските шампиони.




