Реал Мадрид ја добил битката со Барселона за Дани Себаљос од Бетис и го носи на Сантијаго Бернабе за 16,5 милиони евра. 21 годишниот играч од средината на теренот потпишал на шест години, а во белиот дрес доаѓа како еден од најважните во освојувањето на сребро на младата шпанска селекција на Европското во Полска.



Барселона пак, го доби португалскиот репрезенативец Нелсон Семедо од Бенфика. 23. годишникот игра по десната дефанзивна линија која подолго беше дефицитарна на Камп Ноу. Семедо ќе ги чини Каталонците 30 милиони евра, плус 5 од бонуси, а ќе се задржи, барем според договорот, пет години