Бидејќи се уште не е познато што гореше во Чаир и кои се причините за пожарот, многумина реагираат дека станува збор за импровизиран магацин. Пожарот кој избувна завчера вечер, едвај беше изгаснат.
На социјалните мрежи имаше многу реакции за овој случај.
„Пожарот во Чаир го гасат 30 саати и не можат да го изгасат. 20 пожарникари, 3 пожарни, 100 луѓе евакуирани, 40 побарале лекарска помош, најмалото 5 месечно бебе. Горат неколку тони роба, пластични производи, кузнае што све, 4 бродски контејнери роба. Оштетена е зградата, таа статика веќе не е иста, имот на луѓето, дуќаните, здравјето, тоа све ќе го дишеме. Импровизиран магацин било. И сега ќе се праиме дека никој не знаел изгледа, што реално на инспекторите тоа им е работа. Следам и чекам да видам кој ќе понесе одговорност ама ништо. Импровизиран магацин во импровизирана држава со импровизиран систем. Тоа сме ние“, напиша Ина многуфина





