„Македонија е бесмртна идеја и никој не успеал никогаш да ја пороби докрај! Посебно пред тиранијата Македонија не потклекна никогаш! Борбата ТРАЕ!“ – порачува преку својот фејсбук-профил спроти Мимоза Рајл спроти 2 август, Илинден, утрешниот најголем државно-национален празник на Македонија и на македонскиот народ. Мимоза Рајл е професорка по естетика и директорка на Институтот за сценски уметности на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима во Скопје.
Во својата предилинденска објава Рајл истакнува: Низ црното и црвеното, низ вкрвавената зора и темница што штрека, Македонецот со векови се спротивставуваше на насилството, бранејќи се себеси и своите деца и на тој начин утврдувајќи го сопствениот идентитет. Низ драматичните години на двата Илиндена, заедно со АСНОМ, кои што никогаш не завршија кога се формираше нашата државност, денес гледаме дека борбата за нас самите трае и ќе продолжи!
Македонија е бесмртна идеја и никој не успеал никогаш да ја пороби докрај! Посебно пред тиранијата Македонија не потклекна никогаш!
Ние денес, секој од нас, во пресрет на Илинден – утрешниот најголем празник за нас, Македонците, да ја продолжиме таа борба. Да го продолжиме делото на нашите војводи и народни херои, кое во нашето колективно паметење не престана да ја разгорува свеста за слободна и победничка Македонија!
Борбата ТРАЕ!





