Рашиди од АА е против Таравари и иронизира: „Најдобро“ што може да направи е да го врати Ахмети на бел коњ!

„Одлуката на лидерот на АА Арбен Таравари да ја повлече партијата од владата предизвика расправа во партијата. Уште еден критички глас се придружи на реакциите на спротивставувања: Сирија Рашиди, член на централното претседателство на АА и поранешен пратеник од оваа партија, искажа вознемиреност поради најновиот политички потег во Алијансата, но и со иронија порача дека „најдоброто што може да се случи е враќањето на Али Ахмети на бел коњ“! објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.



„Журнал“ пишува: „Целиот овој неочекуван потег на Алијансата за Албанците се продава како мистерија, што ќе донесе големо добро. Но, најголемото големото добро, што може да се случи, е враќањето на Али Ахмети на бел коњ! – објави Сирија Рашиди.“

„Неговата реакција доаѓа по растечките критики кон Таравари, кого колегите од партијата и поранешните сојузници го обвинуваат дека ја оттргнува АА од патот на промените и ја приближува до структурите, кои АА вети дека ќе ги порази.“