Од повеќето историски достигнувања што Шпанецот ги оствари во оваа сезона која полека завршува, најитересна е тоа за скокот во само една година. Имено тој лани во ова време не беше ни меѓу петте најдобри, што се должеше на повредите, а годинава со две победи на Гренд Слем турнејата (Париз и Њујорк) и со уште неколку освоени Мастери се искачи на првото место на АТП. Рафа Надал со 4 успешно завршени години се изедначува со Лендл, Мекинро и Ѓоковиќ кои, пак, се зад Федерер и Конорс кои имаат по 5, и Сампрас кој со 6 сезони завршени како лидер е најдобар на таа вечна листа.




