По 16 години од тешките битки за Арачиново во конфликтот во 2001 година постои реална шанса една македонска партија да победи во оваа оптштина, и тоа уште во првиот круг.
Според првичните и неофицијални информации од оваа скопска општина која што е составена од селото Арачиново и уште некоку други поголеми села во водство е Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија и нивната кандидатка Миликие Халими.
Нешто по 20 часот од селото според очевидци се слуша рафално пукање кое според искуството значи прослава на некоја од политичките партии.





