Инаугурацијата на 47. претседател на САД, Доналд Трамп, е закажана за 20 јануари во Вашингтон, а веќе нема влезници, бидејќи буквално „пламнаа“.
За задоволството да се проследи официјалниот почеток на вториот мандат на кандидатот на Републиканците, кој ја водеше американската држава и од 2017 до 2021 година „сребрените“ влезници чинеа 1.795 долари, „златните“ 2.500 и „платинестите“ 3.995.





