Иако претседателот на собранието на Република Македонија Талат Џафери за денеска на пладне ја закажа седницата на која требаше да продолжи расправата за менување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски, таа нема да се одржи. Причина е одбележување на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Вчерва ќе има свечена седница во хотелот „Александар Палас“ во Скопје на која ќе се обрати и Џафери.



Што се однесува до Зврлевски тој утре се враќа како тема пред пратениците бидејќи предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.