На денешниот старт на пристапните преговори на Албанија со ЕУ, премиерот Еди Рама од Луксембург упати благодарност до рускиот претседател Владимир Путин.
„Со неговата безмислосна агресија ги разбуди и најскептичните и ги натера да ја согледаат реалноста, дека Западниот Балкан е потребен за обезбедување на силна констелација на ЕУ.
Сега сме на иста страна, ќе го извлечеме најдоброто од тоа и ќе се движиме брзо за да се увериме дека овој голем прозорец на можности нема да се затвори без нит да станеме дел од ЕУ“, рече Рама.
Тој изрази задоволство што Албанија ќе почне да ги отвора кластерите и официјално да ги почне пристапните преговори со ЕУ.
„Се чувствувам многу возбудено и охрабрено што го почнуваме најтешкиот дел од работата во преговорите за членството во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“. Албанија, конечно, седи како рамноправен партнер на масата на земјите членки на ЕУ“, рече Рама.






