„Од суштинско значење е да одржиме цврст и обединет став наспрема предизвиците, осигурувајќи дека нема да бидат изложени на опасност демократијата и стабилноста на нашата земја, заради тесни интереси! Сите ние имаме одговорност да ги заштитиме вредностите и интегритетот на нашите институции, а пред се интересот на граѓаните воопшто, без разлика! ДУИ и Европскиот фронт не се заинтересирани за напредок на државата, туку за балансирање, што им служи исклучиво на нивните интереси.“ – им порача преку фејсбук-профил уште од пред неколку дена Блерант Рамадани, генералниот секретар на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари, на Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ. Објавата на Рамадани на фејсбук ја пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА под наслов „Демаскирањето на ДУИ и Европскиот фронт“.
„Тие од ДУИ креваат врева, само заради остварување на нивните цели, игнорирајќи ги реалните потреби на граѓаните. Еден дел од народот денес има единствена можност да ја види вистината дека ДУИ постојано ги фрлаше нивните гласови на пазарот по ниска цена, урнисувајќи ја до земја вредноста на националните интереси до темел, што ги уништи заедничките придобивки и можности за развој. Другиот дел на народот го знаеше ова и зароа никогаш не гласаше за нив!“ – дополни Рамадани во својата објава на општествената мрежа.





