Рамадани: Криминализираната структура во ДУИ треба да замине од политиката, а другиот дел на ДУИ да организира нова структура без Ахмети

„Криминализираната структура во ДУИ, потоната во сите можни корупции, треба да се оддалечи од политиката. Другиот дел на ДУИ без Али Ахмети треба да организира нова демократска структура.“ – вели Реџаил Рамадани, лекар по интерна медицина од Куманово, во објавата на својот фејсбук-профил, која ја пренесе и информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА под наслов „ДУИ треба да влезе во натпревар без Али Ахмети“.



Во објавата Рамадани пишува: Коалицијата Вреди со своето доаѓање во владата треба да придонесе кон создавање полиберален дух и да работи на декриминализација на општеството. ДУИ го криминализираше општеството, каде што убиствата беа многу побројни по војната, отколку за време на војната.

Криминализираната структура во ДУИ, потоната во сите можни корупции, треба да се оддалечи од политиката. Другиот дел на ДУИ без Али Ахмети треба да организира нова структура, кој ќе даде нова понуда и ќе влезе во демократскиот натпревар. Важно е да се создаде демократска конкуренција и полиберална клима.