Рамадани е во Косово и деновиве ќе се видиме- тврди поранешен член на УЧК

Луан Јахири, потпретседател на организацијата на воени ветерани на УЧК, во интервју за телевизијата Т7 посочи дека Блерим Рамадани моментално е во Косово.



„Денеска не разговаравме долго со Блерим, го пофалив за одлуката што ја донесе, тешко е да се врати во притвор, а камоли да биде екстрадиран во Србија. И ние не сме го виделе, ќе го видиме во наредните денови, треба да покажеме дека ја има поддршката од сите. Ќе му препорачаме да поднесе извештај до нашите институции, да го разјасни целото ова прашање“, изјави Јахири за Т7, а пренесе порталот „Репортери“.

Според него, Рамадани бил на мислење дека треба да остане до крај за да се заврши судењето во Македонија.

„Неговата одлука за бегство е донесена откако беше објавено дека ќе биде вратен во притвор и дека може да биде екстрадиран во Србија. Тој донесе добра одлука, би го направил истото и јас“, рече Јахири.

За бегството на Рамадани од куќниот притвор реагираше денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, оценувајќи дека станува збор за голем скандал бидејќи станува збор за лице кое извршило воени злосторства врз Србија на Косово.

https://reporteri.net/lajme/shoku-i-ish-ushtarit-te-uck-se-qe-u-arratis-nga-maqedonia-e-veriut-blerim-ramadani-ndodhet-ne-kosove/