Рамадани: АА гарантира стабилност во владата, заминувањето би наметнало предвремени избори

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Блеранд Рамадани, најави можност за за одржување предвремени парламентарни избори заедно со локални избори, но додаде дека тоа би можело да се случи во зависност од пристапот на Владата кон партијата на Арбен Таравари



„Отстранувањето на АА од Владата може да наметне можност за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локални избори, бидејќи Алијанса за Албанците е политичкиот субјект кој гарантира стабилност во владиното мнозинство“, рече Рамадани.

За можноста за обединување на двте крила на Алијанса за Албанците (она на Села и на Таравари – н.з.) Рамадани вели дека биле заедно седум години, а се разделени само една година, односно дека има повеќе причини за соработка отколку за конфронтација.

Ген-секот на АА рече дека одлуката на партијата да оди со посебни листи за советници е одлука донесена од октомври минатата година.

За можноста Алијансата за Албанците да излезе од Владата, Рамадани рече дека прашањето за тоа се решава со партиски консензус, пренесе Телеграфи