Актуелниот победник во Лигата на шампионите и во СЕХА триумфира и во Велење против Горење со 30-24 со што беспрекорно ја затвори 2017 година. Тоа беше меч од 11 коло во регионалниот натпревар и 11 победа за црвено црните кои и без Борозан, Дибиров, Карачиќ, Стоилов и Милиќ лесно создадоа разлика до полувремето (16-12), што потоа ја сочуваа, па и ја надградија за конечни плус 6.
Хорхе Македа имаше одлично прво полувреме со 6 гола без промашување, на крајот имаше седум реализиации, како и вториот најефикасен во Вардар, Лука Циндриќ, а Мијајло Марсениќ додаде шест. Најефикасен кај Словенците беше Матич Вердинек со четири погодоци.
Вардар е убедливо прв во СЕХА со 33 бода, а по паузата на 1 февруари продолжува со дуел против Брест.






