Радовановиќ за „кафеанскиот собир“ на „Нашиот Стево“: На крај ќе заврши дома! Фб-мајтапи: Го пие „Нашето сиктер-кафе“!

„Стево прави митинг во кафеана. На крај ќе заврши во кругот на семејството!“ – иронизира новинарката Ирена Радовановиќ на својот фејсбук-профил во врска со еден „масовен граѓански собир“ на „Нашиот претседател Стево“.



Нејзината објава предизвика мини-лавина на реакции и мајтапи со „личноста и делото“ на „Нашиот  Стево“: Можеле да се сретнат и онлајн!;

Само за него ајвар, корупција!; Хаха, циркус ќе биде на 8 мај!; Доаѓам веднаш, кај е, што чести?!;

Пие сиктер од „Нашето кафе!“; Како да упаднал некаде онака, без врска, па овие, двајца без тројца, од култура демек слушаат!; Крајот му е повеќе од жален!;

Двајца без тројца.; Што дробел, тоа ќе си срка…; Изгледа го пие неговото последно кафе.; Колку е очаен…;

Тоне се подолу и подолу,секој ден се помалку луѓе му доаѓаат…; Како деца му пеевме: Стево наш, голем ма*, фати глу*ец за опа*!;

Конечно ќе се ослободиме од овие кре*ени, ги бројам деновите!; Збрлавен е, не знае што да прави сиромашкиот.;

Е, Стево, Стево, не се срамиш ли како претседател? Дојде време да одиш по кафеани и да бараш твои гласачи да гласаат за тебе. Срамота, како давеник си, кој се фаќа за сламка, за да се спаси. Не влевај му лажни ветувања на народот.;

Не е убаво да се мајтапите со човекот, тој е самиот жртва во целата приказна, а не е ни свесен за тоа! Не му е лесно и нему.