Новата влада за периодот октомври – декември одвоила 3.2 милиони евра од ребалансот на буџетот за јавниот радиодифузен сервис МРТВ.
Со овие пари ќе се овозможи укинувањето на радиодифузната такса за последното тримесечје од годината, изјавил за Алсат -М министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.
Според Поповски МРТВ функционирала со многу долгови и сега се подготвуваат анализи за се утврди прецизно колку пари ќе бидат доволни за стабилно финансирање на јавниот сервис.
Дел од експертите сметаат дека овие пари не се доволни за нормално функционирање на јавниот сервис. Според сумата одвоена за трите последни месеци од 2017-та, годишно владата ќе и дава на МРТВ по околу 13 милиони евра што не е доволно за сериозни промени во националната куќа и за враќање на нејзините долгови.
“Мора да го направиме сериозна анализа независна од тело кое ќе го именува Парламентот или кој и да е, меѓутоа кое тело ќе може ги оцени потребите, каков радиодифузен сервис сакаме, кои програми треба да ги има, колку канали, вработени, какви се потребите за нова опрема, за амортизација на опремата. Сите тие ставки мора да влезат во таа анализа да видиме колку ни треба. Можеби треба да се разгледаат примерите во оние држави кои ја заменија радиодифузна такса со некој друг вид на давачка.” – изјавил за Алсат – М Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми.






