Радев нема да ја придружува Сиљановска на опера во Софија, причината е тажна

Еден од двајцата пилоти на бугарската авијација кои загинаа на тренинг лет утринава во Софија бил близок пријател на бугарскиот претседател Румен Радев кој и самиот е пилот.



Тоа е причината што Радев кој денеска се сретна со македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова нема да присуствува на операта Набуко која ја игра Македонската опера во Софија.

Претседателката денеска на Радев му изразила сочувство на Радев за смртта на двајцата бугарски пилоти и искажала разбирање што Радев нема да може да ја придружува на почетокот на оперската сезона во Бугарската национална опера.

Претходно Радев потврдил дека како домаќин ќе ја пречека Силјановска Давкова на концертот на македонската опера.