Бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Роден Жељасков и другите бугарски лидери не оддадоа почит на денот на погибието на Гоце Делчев.
Вчера во Бугарија државното раководство немаше никакви активности во чест на денот кога во Баница на 4 Мај пред 122 години беше убиен апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.
Дел од бугарските медиуми пишуваат за јубилејот од погибието на Гоце и за неговата важност но не јавуваат за некакви активности на државниот врв на оваа тема.
На социјалните мрежи на највисоките бугарски раководители нема објавено ништо за 4 Мај денот кога загинал Делчев.
Медиумите пишуваат за одбележувањето на денот на погибието на Гоце во Македонија и за посетата на бугарските дипломати на настанот во црквата свети Спас во Скопје каде што се наоѓа неговото гроб.
Интересно е што сега во Бугарија се менува наративот за Делчев и од човек кој бил важен за бугарската држава и нација сега кај дел од медиумите тој се претставува како фигура важна за македонските Бугари.
За разлика од бугарскиот државен врв вчера во Скопје пред гробот на Гоце се поклонија претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и други државни претставници.

Должна почит кон идеологот на македонската државност
Претседателката се поклони на гробот на великанот Гоце Делчев






