Време е да ги извадиме главите од песокот, да престанеме да се занимаваме со нашите внатрешни проблеми и да се вратиме таму каде што припаѓаме. Бугарија мора наскоро да ја врати водечката улога на Балканот. Не треба да следиме општи политики, туку да ги генерираме, изјави бугарскиот претседател Румен Радев од – Бosna i Hercegovina, пренесуваат бугарски медиуми.



„Мојот апел до политичарите и партиите е што поскоро да ги решат внатрешните семејни проблеми и да ја вратат Бугарија таму каде што и е местото – на Балканот, во поширок регионален план. Докажавме дека можеме да иницираме важни процеси, истакна Радев.

Шефот на бугарската држава праша каде остана таа Бугарија, која прва реагираше на сите водечки проблеми во регионот, кои водеа во одлучувањето и кои го иницираа безбедносниот процес во Источна Европа.

Румен Радев е во дводневна посета на Босна и Херцеговина.