Со присуство на косовскиот државен врв, денеска беше пуштена во употреба втората косовска делница од автопатот „Арбен Џафери“ од Приштина до Скопје, долга 14,5 километри.
„Денеска сведочиме дека ова се случува. Длабоко сум убеден дека автопатот ќе биде завршен следната година и оти Скопје ќе биде поблиску до Приштина од кога и да е“, изјави премиерот Рамуш Харадинај.
„Ова е проект на ново Косово, проект на модерно Косово, проект на европско Косово, тоа е проект на соништата што ги имавме, а тие се претвораат во реалност“, рече претседателот Хашим Тачи.
Лентата на вториот сегмент од автопатот што го гради американската компанија „Бехтел“ ја пресече светската шампионка во џудо Мајлинда Кељменди.





