Управната зграда на некогашниот градежен гигант „Бетон“, која неодамна беше огласена на банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка, е веќе продадена, дознава ТВ21.



Објектот во Скопје е купен за 5,1 милион евра од нафтената компанија „Пуцко Петрол“.

Овој деловен објект се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија и е изграден во 2012, а според НЛБ Банка проценет е на 4.952.967 евра.