Кремљ објави дека не е исклучен контактот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп пред инаугурацијата на новиот американск претседател во јануари, објави руската новинска агенција Интерфакс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја призна победата на Трамп, но рече дека нема информации дали Путин планира да му честита на Трамп и нагласи дека Русија сè уште ги смета САД за непријателска земја поради нејзината поддршка за Украина.
На прашањето на новинарите дали таквата комуникација „не е на маса“, Песков одговори:
„Зошто? Не е исклучено. (Трамп) рече дека ќе му се јави на Путин пред инаугурацијата. Тоа се негови зборови#.
Тој мислеше на претходните изјави на Трамп за контактирање со Путин пред преземањето на функцијата, пренесе Радио слободна Европа.
Песков, исто така, се осврна на прашања во врска со каков било официјален контакт меѓу руските власти и кампањата на Трамп по изборите во САД.
„Не. Зошто да контактираме со нив?
Според Песков, руската администрација не направила никаков директен контакт.
Околу ова се очекува Путин, кој досега не ги коментирал изборите во САД, да зборува и да одговара на прашања на конференција подоцна во текот на денот.
Трамп вети дека ќе ставикрај на војната во Украина – сега треба да реши како
Извори блиски до Кремљ изразија оптимизам дека Доналд Трамп може да помогне да се стави крај на војната во Украина според руски услови, објави Њујорк Тајмс.





