Москва најави дека ќе ги запре сите воени операции како дел од „велигденскиот прекин на огнот“ во Украина.
Во објава на официјалниот Телеграм канал на Кремљ, Владимир Путин објави дека привремениот прекин на огнот ќе трае од денеска во 18 часот, Московско време (17 часот по средноевропско време) до понеделник.
„Водени од хуманитарни причини, од 18 часот денеска до полноќ од недела до понеделник, руската страна прогласува Велигденски прекин на огнот. Наредувам прекин на сите воени активности во овој период“, рече Путин.
Москваочекува украинската страна „да го следи нивниот пример“.
Киев сè уште официјално не го коментираше предлогот. „
Во исто време, нашите единици мора да бидат подготвени да ги одбијат можните прекршувања на примирјето и провокациите од страна на непријателот, како и сите негови агресивни дејства“, се додава во соопштението.
Најавата за велигденското примирје дојде откако Доналд Трамп и неговата администрација сигнализираа дека САД може да ги напуштат мировните преговори доколку наскоро не се постигне напредок.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски се уште не ја коментирал директно најавата на Владимир Путин за привремено Велигденско примирје, тој објави преглед на ситуацијата во регионот Курск на социјалната мрежа Х.
Зеленски рече дека украинските сили ги „држат своите позиции“.
Што се однесува до уште еден обид на Путин да манипулира со животите на луѓето – во овој момент предупредувања за воздушен напад звучат низ цела Украина. Во 17:15 часот на нашето небо беа откриени руски нападни беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и авијацијата веќе почнаа да дејствуваат за да не штитат.
„Присуството на дронови Шахед во нашиот воздушен простор јасно го открива вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечките животи#.






