Путин ненадејно се појави во Курск (ВИДЕО)

 

Рускиот претседател Владимир Путин им поставил задача на руските војници за конечен пораз на украинските вооружени сили во областа Курск во најкус можен рок, пренесува руската државна новинска агенција Тас.



„Навистина, наша задача во блиска иднина е, во најкус можен рок, конечно да го победиме непријателот кој се зацврсти на територијата на Курската област и овде спроведува воени операции“, рече рускиот претседател на состанокот што го одржа во една од командите во пограничната област.

Убеден сум дека сите борбени задачи со кои се соочуваат нашите војници ќе бидат исполнети“, заклучи Путин.

Путин предложи и создавање безбедносна зона долж државната граница.

Тој ги нарече терористи противниците во Курската област и рече дека затворениците треба да се третираат според тој статус.

„Странските платеници не подлежат на Конвенцијата за воен затвореник“, нагласи Путин, додавајќи дека кон затворениците треба да се постапува хумано, и покрај нивниот статус.