Путин и Трамп не планираат нов телефонски разговор

Рускиот претседател и неговиот американски колега немаат намера повторно да разговараат по телефон откако специјалниот пратеник на Путин го посети Вашингтон, соопштил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува од Ројтерс.



Вчера беше објавено дека најблискиот круг на Доналд Трамп го советувал да не разговара повторно со Владимир Путин додека рускиот претседател не се обврзе на целосен прекин на огнот во Украина – нешто за што Путин рече дека, во принцип, прифаќа доколку се исполни долгата листа на услови.

Кирил Дмитриев, инвестицискиот претставник на Путин, вчера изјави дека гледа „позитивна динамика“ во односите меѓу Москва и Вашингтон по дводневните состаноци во Вашингтон, но истакна дека се потребни повеќе средби за да се решат разликите.