Најмалку девет лица се повредени во пукање во рекреативна зона во Рочестер Хилс, Мичиген, соопшти локалната полиција.



Mеѓу повредените е осумгодишно дете застрелано во глава, а лекарите се борат за неговиот живот.

Во престрелката е ранет и помладиот брат (4) на осумгодишното момче, кој е погоден во ногата и е во стабилна состојба. Нивната мајка е во критична состојба откако била ранета во стомакот и ногата.

Според првичните информации, осомничениот почнал да пука од далечина од околу 6 метри и пукал дури 28 пати.

Осомничениот за пукање во „Аквапаркоит“ во близина на Детроит е пронајден мртов во блиска куќа, најверојатно се самоубил, потврди на прес-конференција шерифот на округот Оукланд, Мајкл Бушар.

Се започнало кога маж вчера околу 17 часот по локално време испукал околу 30 истрели од полуавтоматски Глок калибар 9 мм.

Вооружениот напаѓач го преполнил пиштолот неколку пати, објасни Бушар.

Останатите шест жртви, сите над 30 години, се во стабилна состојба.