Пукано во хрватскиот главен обвинител

На судијата на Вишиот кривичен суд и новоименуван главен државен обвинител на Република Хрватска, Иван Турудиќ, му било пукано со огнено оружје во неговиот личен автомобил, неофицијално дознава Јутарњи лист.



Според информациите потврдени за Јутарњи лист од повеќе извори, засега не се знае кој и кога пукал во неговото возило.

Имено, се тврди дека Турудиќ забележал дупка во автомобилот и не знаејќи како настанала дупката, ја однел на сервис.

А потоа автомеханичарите пронашле куршум во возилото, па станало јасно дека некој пукал во неговото возило. Во автомобилот биле пронајдени неколку куршуми.

Хрватскиот Сабор го избра Иван Турудиќ за нов главен државен обвинител по голем скандал и со противење на опозицијата во Хрватска.