Интер е пред договор со Хавиер Пасторе и Анхел Ди Марија и тоа на радост и на миланскиот, но и на нивниот сегашен клуб ПСЖ. Французите мора да се ослободуваат од дел од играчите кои сега се баласт поради прекршување на финансискиот фер плеј, а Аргентинците сакаат да играат, да имаат минутажа и се за итен премин на Џизепе Меаца за да можат да обезбедат место во експедицијата на Гаучосите за Светското првенство во Русија.