Јулијан Дракслер ќе биде прва жртва на доаѓањето на Нејмар во ПСЖ. Вината на извонредниот Германец е што игра на истата позиција на која ќе дејствува и Бразилецот за кого францискиот клуб плати 222 милиони евра и кој ќе има загарантирано место во поставата на Унаи Емери. Плус се финансискиот фер плеј кој би бил надминат и евентуалното доаѓање на Килиан Мбапе.



Но, за Дракслер кој беше избарн за најдобар фудбалер на Купот на конфедерациите има многу заинтересирани, а први се јавиле Интер и Барселона. Во меѓувреме се говори дека на излезна врата од Паркот на принцовите е и Анхел Ди Марија.