Организаторите на големиот протест во Атина против терминот Македонија во сложеното име за северниот сосед туку што објавија дека на улиците во грчката метропола се собрале фантастични 1,5 милиони луѓе!
Ако е точна бројката, тоа би било 15 проценти од вкупната популација на Република Грција.
Други, пореалистични грчки извори, сепак, наведуваат дека на протестот во Атина има околу 300 илјади лица.





